Левица: Времето на правдата доаѓа! Слобода за Здравко и Владимир!

Од:

„Денес им е продолжен куќниот притвор на нашите двајца членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, за дополнителни 30 дена. Правосудните органи неколку пати го пролонгираа случајот. Според нашите информации, ова беше намерно направено, токму со цел да се продолжи притворот.

Со ваквата одлука уште еднаш се покажува дека правосудните органи се само маша, со која режимот ги извршува валканите работи. Не можејќи да ги исплашат нашите членови и со тоа да ги одвратат од протестирање, тие се решаваат на вакви очајни чекори.

Паралелно со оваа одлука, во тек е и хајка на полициските служби кон протестирачите. Неколку наши членови беа запрени вчера на патот кон дома по протестот и беа легитимирани. Пред некој ден, две девојки беа следени од лица во цивилна облека на нивниот пат до дома по протестот, при што на груб начин, во тесен и темен премин, им било побарано да се легитимираат.

Нема дилема дека ова е дел од стратегијата на режимот, преку сеење страв, да проба да ги сузбие протестите. Но, нема да им успее, како што не им успеваше ни до сега!

Ваквите мерки само не` прават посилни и го креваат револтот, што ќе резултира со уште помасовни протести.

Со оваа одлука уште еднаш се покажува и неправичноста на нашиот правосуден систем. Додека политичари осомничени за тешки криминали се помилуваат, лица кои протестираат против ваквата одлука завршуваат во неверојатно долг куќен притвор.

Ќе дојде времето на правдата! Многу скоро! И тогаш слугите на режимот ќе одговараат за сите нивни престапи! Ќе има правда, ќе има мир“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна