Левица: Власта троши 450.000 евра за морски плодови и службени патувања додека гласа против минимална плата од 500 евра

Од:

„За расипничката власт предводена од ДПМНЕ очигледно има пари во буџетот само за нивните луксузни апетити, но нема пари за работниците кои одвај преживуваат. Додека премиерот Мицкоски ја замајува јавноста за некаков економски бум, а граѓаните секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови – пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ не гласаа за предлогот на Левица за минимална плата од 500 евра“ соопштија денеска од Левица.

Левица „овој предлог-Закон го поднесе на барање на синдикатите, но за жал, со Македонија владее анти-работничка и авторитарна партија која единствено слугува на крупниот капитал“.

„Двојните стандарди и лицемерието на оваа отуѓена влада е уште поголемо ако се има во предвид дека само во месец мај, владината Служба за општи и заеднички работи склучила два тендери во вредност од 450.000 евра. Имено, директорот на владината служба Ивица Томовски склучил договор за набавка на риба, месо и сувомеснати производи во вредност од 11.8 милиони денари. Вториот договор кој го склучила владината служба е за хотелско сместување на функционерите и истиот е во вредност од 16.5 милиони денари. Скапиот пиар на власта и нејзините медиумски гласници дека Македонија е четврта економска сила не може да ги нахрани гладните работници. Во услови кога граѓаните масовно се иселуваат поради економската беда, очигледно е дека приоритет на оваа десничарска власт е да ги дозбогати компаниите кои се блиски до нив, чии милионски профити во континутет драстично растат, додека платите на работниците стагнираат“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира