Левица: Власта решила да го уништи домашното земјоделското производство

Од:

Владата на СДС и ДУИ, следејќи ја неолибералната агенда и корпоративниот странски интерес, решила по секоја цена да го уништи домашното земјоделското производство, реагираат од Левица.

Во процедура се измени на Законот за земјоделското земјиште, на предлог на министерот Љупчо Николовски, со кои се предвидува на плодно земјиште, странските приватни корпорации да градат соларни електрани и произведуваат електрична енергија, која потоа ќе ја продаваат по берзански цени!

Ваквите измени се катастрофални, затоа што плодната земја како лимитиран ресурс не смее да се оттуѓува за приватни интереси! Власта на СДС и ДУИ, откако го распродаде најважниот енергетски ресурс, Чебрен, сега ќе ја распродава и плодната земја – со што државата дополнително ќе стане зависна за храна и енергија од приватни корпорации.

Левица, следејќи ја својата идеолошка линија, со години предупредува на дивеењето на крупниот капитал во овој сектор и цврсто се држи до тезата дека производството на електрична енергија треба да биде од домашни енергетски компании во државна сопственост.

Истото не смее во никој случај да влијае негативно на производството на земјоделски производи, односно, земјоделското земјиште како ограничен природен ресурс треба да служи само и единствено за производство на храна, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он