Левица: Власта да почне со реформи и утре да го гласа предлогот на Левица за кривична одговорност за судиите

Од:

Покрај Предлог-законот за заштита на потрошувачите со кој Левица предлага да се укинат двојазичните декларации на производите, на утрешната собраниска седница ќе се најде и уште еден предлог на пратеничката група на Левица – дополна на Кривичниот законик со цел воведување кривична одговорност за судиите.

„Ги повикуваме сите пратеници, особено владејачкото мнозинство, на утрешната седница на Собранието да ги поддржат овие разумни и неопходни предлози на Левица. Воведувањето на кривична одговорност за судиите е неопходна за да се стави крај на децениската пракса на неказнивост, праксата каде корупцијата е правило, а а правдата исклучок. Судиите не смеат да бидат недопирливи!“ велат од Левица.

Од партијата со став „Со години гледаме како политичките и бизнис елитите манипулираат со правниот систем. Мораме да се спротиставиле на судските мафијашки врски, да ја заштитиме правдата и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите“.

„Овој Предлог-закон е првиот чекор кон вистинска реформа во судството. Ги повикуваме сите пратеници, доколку се навистина против корупцијата, ако навистина се залагаат за правда – да го поддржат овој предлог. Секој што ќе гласа против, или ќе се воздржи од гласање – ќе докаже дека е соучесник и дел од криминалот и корупцијата која ја гуши Македонија“ порачуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови