Левица: Владата во служба на финансиските елити – рекордни добивки за банките, беда за народот

Од:

Последните финансиски извештаи на банките уште еднаш ја разобличуваат длабоката диспропорција во македонската економија: додека банкарскиот сектор бележи рекордни профити, најголемиот дел од граѓаните се соочуваат со инфлациски притисоци, поскапен живот и плати кои не го следат растот на трошоците. Овој контраст е логичен производ на економски модел кој системски го фаворизира финансискиот капитал на сметка на општото добро, велат од Левица.

Од партијата со став „Банкарските добивки растат со динамика која не кореспондира со реалниот економски раст ниту со продуктивноста во државата. Значителен дел од профитабилноста се должи на високи каматни маржи, провизии и пренесувањето на финансиските ризици врз граѓаните и стопанството. Само за периодот јануари – јуни банките прокнижија нето добивка од неверојатни 150 милиони евра, додека нивната актива порасна за 1,8 милијарди евра споредено со истиот период лани, односно од 12,2 милијарди евра на 14 милијарди евра. Приходите од камати се зголемени од 285 милиони евра во 2024 на 295 милиони евра годинава, а од провизии и надоместоци, за шест месеци се наплатени 93 милиони евра од граѓаните и компаниите“.

„За периодот јануари – септември само двете најголеми банки остварија добивка од неверојатни 110 милиони евра, а шест македонски банки повторно се меѓу стоте најголеми банки во Југоисточна Европа, на повисоки позиции обезбедени од растот на нивните активи. Овој „успех“, иако престижен за банките, само ја нагласува нееднаквоста во распределбата на финансиските ресурси и профитите кои се концентрираат во мал број институции, додека најголемиот дел од граѓаните немаат директна корист од овие достигнувања. Во вакви услови, Владата пасивна без какви било мерки за ублажување на товарот врз граѓаните или за поттикнување поголема правичност во финансискиот систем. Наместо да ја регулира профитната експанзија на банките таа дозволува милиони евра да се акумулираат во банкарскиот сектор, додека домаќинствата се борат со растечки трошоци на живот“ велат од Левица.

Левица укажува дека е неопходно воспоставување поцврста регулатива, јакнење на институциите за надзор и воведување политики кои ќе гарантираат правична распределба на финансиската добивка.

Би можело да ве интересира

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он