Левица: Владата со Кочо Анѓушев легализира хидроелектрани во заштитени подрачја

Од:

„Новиот предлог Закон за урбанистичко планирање претставува скандалозно решение за засилената деградација на животната средина и урбанистичкиот хаос во Македонија, предизвикани од бизнис-интересите на инвеститорите и урбаната мафија. Новите законски решенија предложени од коалицијата на власт се крајно манипулативни, нетранспарентни и исклучиво во насока на задоволување на апетитите на поединци, кои и досега профитираа од несакционираното уништување на природните богатства.

И покрај сите скандали со контроверзно носење на ДУП-ови, узурпирање на јавен простор, издавање концесии за градба во заштитени подрачја, како и погубните концесии за рудниците на смртта, Владата на СДСМ одлучи јавноста да биде исклучена при носење одлуки за изградба на хидроелектрани, рудници и други објекти од таканаречено државно значење, при што самата недефинираност остава простор за злоупотреба под притисок на моќното бизнис-лоби“, се вели во соопштението на Левица.

„Наместо да се креира државна стратегија насочена кон обновливи извори на енергија, се стимулира изградба на мали хидроелектрани дури и во малиот број на заштитени подрачја, чиј бенефит во однос на енергијата е минорен, додека неповратната штета врз животната средина и егзистенцијата на локалното население е огромна. Голем дел од овие проекти се изведуваат нестручно и неодговорно од страна на инвеститорите, за кои нема инспекциски надзор и соодветни санкции за деградираната животна средина. Последиците од ваквото толерирање од страна на бирократизираните институции се манифестира во пресушени речни текови, уништено непроценливо природно богатство, како и загрозени ретки животински видови.

Јасно е дека овој закон е донесен поради интересите на вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој е еден од најзасегнатите во бизнисот со мали хидроелектрани. Дел од хидроелектраните на компаниите на вицепремиерот се директно финансирани од Европската банка за обнова и развој, која беше вклучена и во финансирањето на рудникот на смртта Иловица – Штука.

Очигледно е дека единствен приритет на Владата на СДСМ и ДУИ се лукративните интереси на крупниот капитал, а не заштита на јавните добра, природните богатства и интересите на обичните граѓани. Вака предложената законска стратегија ќе ги продолжи деструктивните политики водени од интересот за профит, со кои беа одземени и приватизирани националните богатства и природните ресурси од граѓаните на кои првично им припаѓаа. Влада каде главен предводник е претставник на крупниот капитал не може да ги застапува барањата на работничкиот и сиромашниот народ, туку единствено се грижи за олигарсите и моќниците кои го стекнаа своето богатство токму преку грабежот на државните добра и сиромаштијата на обичниот народ“, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Аврамов: На гевгеличани треба да им се слушне гласот, не да им се купува тишината

Горан Наумовски

Апасиев попладнево имаше средба со граѓани во Неготино

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Мециновиќ: Нашиот модел ќе го реши јавниот превоз за наредните 100 години

Божиноска: Овозможете повеќе мамографи – во тетовската Клиника нема термин, нема кадар

Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

А1он