Левица: Владата на чело со премиерот Заев освен со криминал Собранието го контаминираше и со вирус

Од:

Од партијата Левица реагираат на вчерашните случувања во Собранието и според нив премиерот Зоран Заев, заедно со неговите најблиски соработници секој ден тоне во криминал а обрачот околу него со секој поминат ден како што велат од оваа партија се стега се повеќе. Од таму додаваат дека единствено прашање на време е кога оваа криминогена структура околу Заев ќе ја изгуби власта.

„Токму поради паниката која го зафаќа премиерот Заев, како страв од кривична одговорност за сите злодела и криминали кои ги направи во периодот на неговото владеење, тој посегнува по уште поголем криминал и репресија, а со тоа и другите околу него ги вовлекува во криминални дејствија. Последен ваков случај беа вчерашните случувања во Собранието на Македонија, каде премиерот Заев, заедно со спикерот Џафери, прекршувајќи ја одлуката на Собранието и Кривичниот Законик, поттикнаа двајца пратеници на кривично дело, приндувајќи ги да се појават на гласање на 32-рата седница и покрај тоа што пратениците беа позитивни на коронавирусот, што претставува кривично дело според КЗ Чл. 206 – за што Левица ќе поднесе кривична пријава против овие два пратеника“, потенцираат од Левица.

Објаснуваат дека со цел да се обелодени вистината во јавноста, која СДСМ, и особено ковид позитивните пратеници претставувајќи се како жртви ја испревртуваат, доволно е да се погледнат точките на дневен ред од 32-рата седница, и тоа на сајтот на Собранието.

Според Левица токму од таму може да се види дека 5-тиот пакет економски мерки не бил точка на дневен ред на оваа седница.

„Имено, Гласањето за 5-тиот пакет мерки НИКОГАШ НЕ БИЛО ДОВЕДЕНО ДО ПРАШАЊЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА, бидејќи истата спикерот можеше да ја свика и на 16 април, но, тоа не го стори. Вчера, за тој пакет економски мерки гласаа над 100 пратеници! Воопшто не беше потребно присуството на Ковид – позитивните пратеници за изгласување на петтиот пакет мерки, коишто патем, додека медицинскиот персонал низ земјава страда од недостиг на заштитна опрема и секој ден умираат луѓе како жртви токму на неспособното Министерство за здравство – тие дојдоа со скафандери и приватни амбулантски возила. Секојдневните непромислени и неспретни дејанија на Заев и неговите соработници од власта, се само доказ дека се наѕира крајот на овој веќе распашан режим, дотолку повеќе што, нивниот крај ќе биде полош и од оној на Груевски. Овој пат нема да има повторна амнестија за Зоран Заев, стои во писмената реaкција од партијата Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он