Левица: Уште една дивоградба на инвеститорот на хотелот во Лагадин кој Заев го бранеше

Од:

Брегот на Охридското Езеро непречено се узурпира, тампонира и гради, а институциите предводени од СДС-ДПМНЕ со години молчат и покрај бројните реакции и алармирања од граѓаните. Во 2016 година, на земјиште во сопственост на државата, а дадено на користење на ЈУ Национален парк – „Галичица“ (во центарот на с. Пештани) е изградена бетонска ограда без одобрение за градење, како и ресторан на крајбрежјето“ соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат Иако од градежен инспектор е донесено решение за отстранување на градбата, речиси и после 10 години, ова решение не е спроведено, што е сериозен показател на организирано заштитување на поединци и селективна примена на законите. Според достапната документација, СВР Охрид тогаш поднело кривична пријава против правното лице ТДГПТУ Толески Никола Дебој Инженеринг“ Охрид и против одговорното лице Н.Т. Никола ТОЛЕСКИ (59) од с. Пештани, поради сомневање за сторено кривично дело – Узурпација на недвижност“.

Никола Толески е инвеститор и на контроверзниот хотел во Лагадин, за кој Зоран Заев од партиски митинг ветуваше дека хотелот-дивоградба нема да се руши. Речиси и после 10 години од Решението за отстранување на бесправната градба на државно земјиште, дивоградбата продолжува да функционира! Иако после трагедијата во Кочани, министерот за транспорт Александар Николоски најави вонреден инспекциски надзор на крајбрежјето на Охридското езеро, резултати од овој надзор нема, поединци продолжуваат да се штитат – на сметка на чесните граѓани кои уредно си ги плаќаат своите давачки кон државата“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Обезбедувач на Мицкоски доби условна казна за семејно насилство, дали ова е правдата што ја ветуваше власта?

Горан Наумовски

Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

(ВИДЕО) Апасиев: Ќе поднесеме втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Левица: Пливачите ја плаќаат цената за криминалните концесии на власта

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка