Левица: Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ учат во подруми со влага и смрдеа

Од:

Скандалозен почеток на учебната година во ООУ Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од 6-то одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина“ соопштија од Левица.

Од партијата велат овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да учат и да растат во здраво и безбедно училишно опкружување. Загрижени родители алармираат дека на некои ученици им се слошило и повраќале поради неподносливата миризба на мувла и влага“.

Ваквото понижување на најмладите е срам за општината и директна одговорност на локалната власт, која наместо да обезбеди елементарни услови за настава, ги изложува децата на здравствен ризик и психолошка траума. Дополнителен скандал е фактот што ДПМНЕ пред четири години ветија целосна реконструкција на училиштата во општината, а во изминатиот мандат не направија ништо. Левица Аеродром бара итно обезбедување на нормални услови за овие ученици и нивно преместување во други училници, каде би ја следела наставата. Мора да се стави крај на оваа срамна состојба и сите деца во Општина Аеродром да добијат достоинствени услови за образование“ е ставот на Левица.

 

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира