Левица: Туристичката населба Претор без вода за пиење – одговорност мора да има

Од:

Во екот на сезоната, туристичката населба Претор се соочува со недостиг на вода за пиење. Трагично е тоа што оваа населба неколку пати немала ниту техничка вода. Срамота е да потсетуваме дека водата е еден од основните услови за живот и дека на овој начин наместо да се развива туризмот се повеќе се уништува, се вели во соопштението на Левица.

„Минатата година лидерот на партијата Мицковски и градоначалникот Тозиевски се сликаа и се пофалија со изведба на новиот проект, поставување на нов резервоар за вода и тврдеа дека проблемот е решен. Парите се потрошени, а проблемот останува. Дали ова беше уште едно празно ветување пред парламентарните избори. Граѓаните заслужуваат отчет за потрошените средства. Мора да има ефективност и резултати од изведените проекти а не само слики. Левица апелира до надлежните институции да се направи целосна ревизија на проектот. Потребно е трајно решение на проблемот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Левица: Автокамп-дивоградба во Ресен узурпира државно земјиште и незаконски наплаќа од граѓани

МВР ги демантира тврдењата на Левица за испитниот центар во Битола