Левица: Собранието е на платен одмор додека народот бара одговори

Од:

Скандалозната одлука за „колективен одмор” на Собранието ја покажува отуѓеноста на партиите на елитата од барањата на народот. Левица беше единствената партија против ова самоволие, во моменти кога пратениците треба и мора да бидат на висина на задачата. Бегајќи од пратенички прашања, плашејќи се од вистината, Собранието избега и од одговорноста, велат од Левица.

„Во овие моменти, кога е повеќе од потребно, Собранието не презема одговорност да носи закони, туку втора недела по ред бега од таа своја обврска! Владејачкото мнозинство на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ поддржано од СДСМ, ја покажа својата вистинска слика – кога е најважно, тие избегаа! По системски предизвиканата трагедија во Кочани, граѓаните очекуваат одговори и носење на клучни законски решенија.

Срамно и неодговорно однесување! Законодавниот дом е единствената непосредно избрана власт и таа одговора пред народот, а не според желбата за играње криенка на премиерот Мицкоски. Со Мицкоски, наместо транспарентност, добиваме молк, а наместо отчетност – страв. Пропустите на поранешните функционери не ги ослободуваат од одговорност сегашните функционери. Ова е моментот кога државата мора да покаже дека постои. Институциите мора да делуваат брзо, ефикасно и без компромис. Ова не е време за калкулации, ниту за политички маневри, туку за дејствија на сите нивоа на власта – за да се осигура безбедноста и да добиеме одговорност. Народот бара одговори – кој е виновен, зошто не се преземени превентивни мерки и какви чекори ќе следат за да не се повтори ваква трагедија? Власта може да бега денес, но нема да избега од одговорноста пред народот, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Мојсоска: Откако вмровец влезе во криминалот со „Бехтел и Енка“ Тошковски го ослободи Груби од притвор

ВИДЕО: Жестока дебата за интерпелацијата за Тошковски

Катерина Ѓуровски

Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ, Тошковски за интерпелацијата

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната

А1он