Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

Од:

Последниот случај со апсење на Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе под сомнение за земање мито само ги потврдува гласините дека за добивање на средства од ИПАРД фондовите се бара поткуп, стои во соопштението на Левица.

„Стоилев е уапсен во акција што ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Неофицијално, акцијата е поврзана со пријава дека Стоилев побарал и примил мито од апликант за да му се додели договор за финансиска поддршка преку програмата ИПАРД. По пријавата во МВР, на апликантот му биле дадени обележани банкноти, со чија помош директорот бил фатен при земањето на парите.

Години наназад е општо познато помеѓу земјоделците и апликантите за средства од ИПАРД програмите, дека за добивање на грант за набавка на земјоделска механизација или друга опрема, постоела тарифа за плаќање на мито.

Овој случај само ја потврдува тезата дека ИПАРД проектите се високо коруптивни и дека е потребен нов, систематизиран пристап кон финансирање и поддршка на развојот на земјоделството и одржливоста со домашното производство на храна. Потребна е темелна реформа во начинот на распределба на средствата, со поголема транспарентност, јавна контрола и дигитализација на процесите за да се исклучи човечки фсктор и можност за злоупотреби. Најважна е едукацијата на земјоделците за да можат самостојно да аплицираат, а не да зависат од посредници и консултанти кои најчесто се тесно поврзани со вработените во Агенцијата.

Само со воспоставување на фер, транспарентен и одговорен систем, земјоделството ќе се ослободи од клиентелизмот и корупцијата и ќе стане двигател на економијата“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он