Левица: Синот на Пандов назначен за советник за млади во Владата

Од:

Сосем очекувано од ДПМНЕ, партискиот непотизам се пренесува и во државните институции. Последниот во низата непотистички скандали на ДПМНЕ е назначувањето на Столе Пандов, синот на Александар Пандов (в.д. директор на Управата за извршување на санкциите), за владин советник за млади на Мицкоски, велат од Левица.

„Ако досега младите без “познато презиме” немаа шанса да се издигнат во партиските структури, на сметка на децата на веќе истакнати кадри, сега оваа пракса се пренесува и во државната администрација, што го оптоварува целото општество. Јасно е дека ДПМНЕ не ја разбира причината за масовното иселување на младите – разочараноста од непотизмот, корупцијата, непочитувањето на квалитетот и знаењето, местените конкурси и именувањето на “мамини/татини синови и ќерки” за ваши претпоставени. Јавно достапните информации укажуваат дека единствениот “успех” на Столе Пандов е тоа што е син на Александар Пандов.

Дали навистина можеме да очекуваме подобрување на животите и стандардот на младите од некој којшто никогаш не се соочил со проблемите на младите и го добил местото по родителска заслуга? Дополнително, Столе Пандов, иако има законска обврска да достави анкетен лист до ДКСК, сѐ уште не го исполнил тоа. Анкетниот лист на неговиот татко, каде е пријавен личен имот во вредност од 2.2 милиони евра, не содржи графа за “Интереси”, односно, Александар Пандов не наведува дека неговиот син е советник за млади во Владата.

Поради тоа, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да го испита и санкционира ова нетранспарентно и крајно непотистичко назначување. Истовремено, го повикуваме Столе Пандов јавно да го објави своето CV и планот за подобрување на животниот стандард на младите, како и сите досегашни активности во оваа насока“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови