Левица: Шаќири незаконски го зголемува бројот на албански паралелки во велешката гимназија

Од:

На денешната седница на Советот на Општина Велес, на дневен ред е ставено скандалозно Предлог–решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици за учебната 2023/2024 година на СОУ Гимназија „Кочо Рацин ” Велес објави Левица.

– Ова предлог решение е иницирано од министерот Шаќири, кој испрати известување до велешката гимназија да се примаат ученици со помал број на освоени бодови од законскиот минимум. Се работи за уште незаконска наредба на министерот Шаќири, со која се кршат конкурсните услови, според кои што е извршен прием на останатите гимназијалци ширум државата. Оваа предлог-одлука предвидува да се примаат ученици со освоени поени под потребниот минимум од 60 поени. Не е првпат МОН да се обидува да ги заобиколи законските одредби. Очигледно дека „кадарот“ од универзитетот на Мерко не е способен да разбере дека министерското столче не го става над законот. Јасно е дека се работи за самоволие на министерот Шаќири, кој преку рушење на критериумите и деградирање на образовниот процес се обидува вештачки да креира нови албански паралелки. Советничката група на Левица е против ваквата скандалозна одлука на министерот и така ќе гласа на денешната седница на Совет, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски