Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Од:

Следејќи изолационистички курс во својата антиевропска определба кадарот на ДПМНЕ во Министерството за надворешни работи, кој фанатачки ги поддржува антицивилизациските напори на САД и Израел оличени во воената агресија врз Иран, ја користи секоја прилика да ја искаже својата слепа поддршка и вазалска потчинетост кон агресорите врз оваа суверена нација, при што на површина испливува нивното елементарно непознавање на меѓународното право и нивните сомнителни морални вредности, велат од Левица.

– Квалификацијата на државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Елена Кузмановска, на бруталната агресија на САД и Израел врз Иран како „право на војна” во обид да го дисквалификува правото на самоодбрана на Иран е очигледен показател на бесмисленоста и отуѓеноста на надворешните политики на Муцунски чија безидејност во определбата за поддршка на реакционерните злосторнички режими на Трамп и Нетањаху, веќе извесно ја носат Република Македонија во меѓународна изолација. Со овој застрашувачки гаф на Кузмановска на виделина излегува не само апсурдноста на вмровската надворешна политика водена од некомпетентни кадри, туку и нивната агресивна природа и аморалност при што оправдуваат чин на војна за едните, додека притоа негираат елементарно право на самоодбрана кај другите.

Како политичка партија со антиимперијализмот и мирољубивоста како носечки вредности – Левица апелира до Министерството за надворешни работи, во согласност со меѓународното право, да ја осуди илегалната брутална агресија на САД и Израел врз Иран – суверена држава и членка на ОН и да го напушти курсот на поддршка на џелатите Трамп и Нетањаху чии здружени сили сејат смрт ширум Блискиот исток и чија непрестана агресија води кон дестабилизација на други региони и чувство на небезбедност во целиот свет.

Левица се залага за независна надворешна политика водена од интересите на македонскиот народ и држава, притоа следејќи ги принципите на солидарност помеѓу подјармените народи и мирољубива политика во согласност со начелата на меѓународното право, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

„Волстрит џурнал“: Иран не побара одложување на нападите врз енергетската инфраструктура

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“

Убиени се деца во најновиот напад на САД и Израел врз централен Иран

Тасним: Иран мобилизира повеќе од милион борци за можен копнен конфликт со САД