Левица: Правдата не може да биде испорачана од партиски пазарења и лидерски средби

Од:

„Скандалот со одамна делегитимираната институција СЈО е јасен показател дека правдата не може да биде испорачана од елитистички преговори и меѓупартиски пазар на затворени средби. Оваа институција која беше резултат на фамозните „Пржински договори“, по селективното објавување на „бомби“ од СДСМ, стана уште еден инструмент за инсталирање власт која ќе ја внесе Република Македонија во НАТО-пактот по секоја цена.

Со потрошени над четири милиони евра на скапи пресови и без никакви ефективни судски пресуди или конфискација на криминално стекнатиот имот, врвот на оваа компромитирана и политички штетна институција е нејзината поврзаност со рекетарство врз криминалците кои истата требаше да ги гони! Одговорноста за изневерената доверба и амортизирањето на гневот на народот секако дека не може изолирано да се лоцира само во СЈО, туку во целата актуелна владејачка гарнитура и меѓународниот фактор кои довербата од граѓаните ја злоупотребија за уценување на компромитирани политичари и политички пазарења, кои финализираа со погазувањето на референдумските резултати и насилно кршење на уставниот поредок на Република Македонија, со една единствена цел: исполнување на геостратешките интереси на НАТО-пактот“, соопштуваат од Левица.

„Неразумно е да се очекува материјали за крупен криминал, односно „бомбите“, да бидат во привилегирано поседство на компромитиран бизнисмен со сомнително стекнат имот и истиот да ја испорача правдата против оние налик него! Таков преседан е недозволив за елитистичките партии тесно поврзани со олигархијата кои профитираат од воспоставениот режим под единствен диктат на капиталот. Последното фијаско со рекетарските уцени во кое е инволвирана и власта на СДСМ е доказ дека оваа влада ниту има политичка волја, ниту е способна да испорача било какви ветувања заради кои дојде на власт и која сѐ уште е на власт единствено заради поддршката на странскиот фактор. Потребно е целосно поништување на сите анти-државни политики кои ги донесе криминалното дуо на власт и фиктивната опозиција, ревидирање на надворешните стремежи на Република Македонија и конечно градење политики каде императив ќе бидат интересите на обичните граѓани, а не интересите на домашните и странските моќници скриени под превезот за „евроатлантски” интеграции“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он