Левица повикува да се спречи задолжувањето од 650 милиони евра

Од:

Вчера беше објавена одлука на Владата за издавање на еврообврзница, во максимален износ од 650 милиони евра.

Одлуката се носи во услови на длабока политичка криза, на постојани протести против криминалната власт и одолговлекување на процесирањето на случаи со силни индиции за тешки криминали. Оттука, земајќи ја предвид досегашната нетраспарентност, криминалното однесување и расфрлањето со народните пари, цврсто се противиме на ова големо задолжување на граѓаните.

Предупредуваме, цената на задолжувањето ќе ја платат идните генерации, со превисока камата. Доколку се издаде еврообврзница во износ од 650 милиони евра, на 10 години, со купонска камата од 7%, само за камата ќе треба да платиме 455 милиони евра!

Ова мора да се спречи!

Затоа, денеска јасно и гласно истакнуваме дека доколку ние дојдеме на власт, нема да ги плаќаме овие камати! Со оглед на ова, ги повикуваме странските банки да не ги купуваат обврзниците кои владата сака сега да ги издаде. Конечно, ги повикуваме сите граѓани на оваа држава, сите граѓански организации и движења, и сите политички партии, да го направат истото. Да се здружиме против неодговорното задолжување, против уништувањето на нашата иднина!

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице