Левица: Потребна ни е социјална платформа!

Од:

„Во овој период на формирање влада по изборите, сведоци сме, по кој знае кој пат, како некои политичари, за ситни партиски пресметки, си земаат за право да го потпалуваат национализмот и да го делат народот по етничка основа. Со дебели сметки во банките, ним им се туѓи проблемите на обичниот човек кој се мачи да сврзе крај со крај, кој е принуден се’ повеќе да штеди на најосновни потреби и кој се’ повеќе преживува наместо да живее. Национализмот отсекогаш се користел за одвлекување на вниманието на обичниот човек од реалните проблеми со кои тој се соочува секојдневно, за да може непречено да се злоупотребува власта за тесни лични интереси. Нашиот народ, без разлика на етничката припадност, знаел и знае да живее заедно, да му помага на пријателот во неволја, да биде тука и во зло и во добро.

Крајно време е политичарите да престанат да го трујат народот со национализам! Ако навистина сакаат да работат за доброто на граѓаните кои гласале за нив на изборите, нека ја посветат својата енергија на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, а не да го замајуваат со евтини националистички финти. Ако некој нема леб да јаде, што му вреди дали може да зборува на овој или оној јазик, во оваа или онаа прилика? Што му вреди тоа, ако нема кој да го слушне? А политичкиот естаблишмент во Македонија е глув за реалните проблеми на граѓаните!

Спротивставувајќи се на делењето на народот по етничка основа и на националистичките албански и македонски платформи, Левица, во име на обичниот народ на Македонија, бара условите за формирање на следната влада да бидат:

1. Итно издвојување на значителни буџетски средства за решавање на најгорливиот проблем во Македонија – осиромашувањето на нејзиното население! Доста беше крадење и игнорирање на маките на народот!

2. Итно втемелување на демократијата во Македонија! И по четврт век независност, ние не успеавме да изградиме демократски институции кои ќе ја гарантираат праведноста и ќе работат посветено во интерес на обичниот човек!

3. Итно преземање мерки за решавањето на проблемот со загадувањето на животната средина! Македонија се претвора во една од најзагадените земји во Европа, нејзиниот народ се труе секојдневно – без разлика на етничка припадност!

4. Работење на санирање на штетите што настанаа од потпалувањето на национализмот во македонското општество. Не ни требаат поделби, омраза, дискриминации по било која основа, туку потребно ни е да се фокусираме на решавањето на реалните проблеми за сите да живееме подобро.

Не ни треба албанска платформа! Не ни треба ниту македонска платформа! Потребна ни е СОЦИЈАЛНА ПЛАТФОРМА, платформа во корист на обичниот човек во Македонија! Ги повикуваме сите политички партии, ако навистина му мислат добро на овој народ, да застанат зад оваа платформа, единствената платформа во интерес на народот“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права