Левица: Популарното судско тефтерче повторно во рацете на ДПМНЕ

Од:

„Коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ за нов член на критикуваниот Судски совет скандалозно ја инсталира сопругата на градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој доаѓа токму од ДПМНЕ. Данка Ристова е избрана за член на Судскиот совет на местото на Лорета Ѓорѓиева од Струмица, за која во јавноста гласно се говореше дека е од „тефтерчето” на Заев, со што фамозното „тефтерче” за избор на подобни партиски судии, повторно премина во рацете на ДПМНЕ!“ соопштија денеска од Левица.

Опозиционерите велат дека „со ваквиот избор се потврдија укажувањата на Левица, дека бизнис – елитите на криминалните политички партии, ДПМНЕ, СДС, ДУИ и нивните деривати, изминативе години константно го партизираат судството со избор на свои подобни партиски судии, без никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила“.

„Оваа одлука го демонстрира истиот шаблон на поставување партиски кадри во клучните правосудни тела, а со цел цементирање на политичката контрола и обезбедување на комоција во криминалното владеење. Овој избор доаѓа во време кога премиерот Мицкоски најавуваше сериозни реформи, дури и распуштање на Судскиот совет поради неговото катастрофално работење. Очигледно, Мицкоски ќе продолжи да го зајакнува системот што го критикуваше“ е ставот на Левица.

Левица ја предупредува јавноста дека „Мицковизмот не само што ќе го наследи, туку и ќе го надгради Заевизмот. Она што го критикуваше, Мицкоски сега совршено го копира“.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката