Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Антикорупциска

Од:

Пратеничката група на Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата, информираше денеска на прес-конференција пратеничката Јована Мојсоска појаснувајќи дека во Законот за спречување на корупција, член 14, изричито се предвидува дека претседателката на антикорупциска комисија може да се разреши доколку престанале да важат условите од член 11 од истиот закон.

-Во Член 11 се условите кои треба да ги исполнува председателката на антикорупциска комисија за да стане председател на ДКСК. Меѓу едни од условите во член 11 е тоа дека не смее да и биде изречена мерка за забрана за вршење на професија. Во овој момент на претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска и е изречени мерки за забрана завршење на професија, нели таа повеќе од два месеца не оди на работа и токму тука ја наоѓаме законската основа во овој случај, да ја поднесеме нашата иницијатива до Комисијата за прашања на изборите и именувањата, појасни Мојсоска

Според неа постоечкиот Закон за ДКСК премногу ги штити функционерите на Комисијата и додава дека би требало да се разгледа можноста да се реформира тој Закон каде, како што рече, ќе се зголеми отчетноста и одговорноста на овие избрани функционери.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.

На Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации, откако преку службениот телефон му испратила пристапни податоци на ревизор во Државниот завод за ревизија, кој во нејзино име го положил тестот за безбедносна обука, по што таа го добила сертификатот.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира