Левица: Партнерот на Мицкоски – Африм Гаши одби амандман затоа што не пишува „Северна“

Од:

Новиот претседател на Собранието на Република Македонија избран со гласовите од пратениците на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН – Африм Гаши, одби амандман од пратеник на Левица со образложение дека е неуреден, затоа што во него не пишува „Северна“. Амандманот се однесуваше на измените во ЗОРОДУ, поднесени од страна на Христијан Мицкоски, се вели во соопштението од Левица.

„Претходно постоеше пракса во која пратениците на Левица заедно со пратениците на ДПМНЕ при поднесувањето на амандмани го избегнуваа наметнатото име „Северна“, сè додека, тогашниот спикер – Џафери не почна противделовнички да ги фрла амандманите во корпа. Тогаш ДПМНЕ најави дека од позиција на власт, документите во Собранието ќе бидат прифатени со името Република Македонија, но тоа не се случи.

Потсетуваме дека Левица понуди бланко поддршка на ДПМНЕ при изборот на собраниски спикер, токму поради вакви причини, каде ќе можат да се заштитат интересите на Македонија! ДПМНЕ ја одби можноста со гласовите од Левица да избере собраниски спикер кој во собраниските процедури ќе го почитува името на државата и одлучи т.н. „Тиранска платформа“ да ја замени со „Косовска платформа“ и продолжување на процесот за севернизација на Македонија, избирајќи спикер којшто има балистички убедувања“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ќе решавале големи државни прашања, а не можат ни со кравите и Стојна да се справат

А1он

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот