Левица: Партијата на избори ќе оди самостојно, не се водат разговори ни со СДСМ, ни со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Во целост ги демантираме дезинформациите што кружат во јавноста дека наводно преговараме за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори!“ реагираа попладнево од партијата Левица.

Велат „Левица не води никакви разговори ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ, а најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање“.

„Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет – забрана на предизборните коалиции! Левица ќе настапи самостојно, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати. Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката – поддржуваме луѓе со интегритет, без оглед дали се партиски членови или не, сè додека ја делат визијата за промена и конечно функционална локална самоуправа во служба на граѓаните“ се вели во реакцијата на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски