Левица: Одговорност од највисоките инстанци за Онкологија – поддршка за протестот

Од:

Низата информации кои беа објавени во јавноста јасно укажуваат дека криминалот на Онкологија не бил возможен без инволвираност на највисоки политички инстанци. Со назначувањето на д-р Нино Васев за директор на онкологија, во моментот кога владата ја доби СДСМ, тој го исклучил КАТО системот чија цел е строга контрола на влезот и излезот на лекови од системот. Како една од неговите први постапки како директор на клиниката, тој овозможил неконтролиран излез на лековите од системот и дупка од 20 милиони евра во буџетот на клиниката, велат од Левица.

„За имплементација на КАТО системот, македонските граѓани платија 350 илјади евра, но системот функционирал само шест месеци, како последица на политизирањето на здравството и честото менување на менаџерски тимови. Со исклучувањето на КАТО системот, државна онкологија продолжила со подготвување на цитостатици на стариот начин, а всушност тоа овозможило крадење на лековите и администрација на чист физиолошки раствор кај болните од рак!

Стотици терапевтски режими биле нарушени, животи изгубени заради овозможувањето да скапите лекови се крадат и да завршуваат на црниот пазар во Косово! Тогашната директорка на Државниот Здравствен и Санитарен Инспекторат, д-р Иринка Сотирова Бухова не постапила по бројните пријави од страна на некои вработени и медиумите за постоење на сомнеж дека лековите завршуваат на црниот пазар. Дополнително, медицинска сестра која била фатена како краде лекови, после шест месеци била вратена на работа. Истата медицинска сестра повторно била фатена во кражба на лекови, при што делото не се квалификува како “кражба”, туку како “послужување”?! Нејзината наследничка д-р Рената Младеновска (кадар на СДС) исто така не постапила по овој основ.

Во овие пет години, додека се случувал монструозниот чин на Клиниката на Онкологија се променија три министри за здравство од владата на СДС, вклучувајќи го Венко Филипче, Беким Сали и актуелниот Фатмир Меџити. Тие не само што не го регулирале излезот на цитостатици, туку и преку именувањето на Нехат Нухи од ДУИ како организационен директор на клиниката, тие го помогнале криминалниот ланец. Во јавноста се појавија информации дека кадарот на Нухи креирал список со лажни болни од канцер од свои блиски и така обезбедувал дополнителна количина на цитостатици за црниот пазар.

Актуелната заменик-министерка Маја Манолева, иако е на позицијата од март,, истата како кадар на СДС беше надворешен соработник на Филипче и истата сноси одговорност за хаосот на онкологија, покрај отворените предмети за нејзината политичка функција отворени од ДКСК. Левица го поддржува денешниот протест закажан пред Влада на Република Македонија во 18 часот и ќе побараме кривична одговорност за сите инволвирани во крадењето на лекови од онколошката клиника“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица се залага за 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата

(ВИДЕО) Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Горан Наумовски

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Левица: ​​​Работници, вие сте столбот на општеството, поддршка за вашите права и синдикатите

Апасиев: Македонска платформа за да запрат уценувањата на албанското малцинство при формирањето влада

Горан Наумовски

Нови канцеларии на Левица во Могила и Росоман