Левица: Неспособноста и арогантноста на Стојкоски да се справи со дивите депонии одзеде човечки живот

Од:

Вчерашниот пожар кај мостот на река Лепенец, во близина на Железничка станица „Ѓорче Петров“, кој однесе човечки живот и запали штали со добиток, е брутална слика за тоа што значи хроничната негрижа на локалната власт. Она што медиумите не го наведуваат, а е познато за жителите на Општината и потврдено од очевидци, е дека овој предел покрај Лепенец е одамна познат по неконтролирано и илегално депонирање на отпад. Всушност, пожарот избувнал од дива депонија и брзо се раширил поради сувата трева!, реагираат денеска од Левица.

 

Од партијата со став „Единствено е непознато дали палењето на депонијата е предизвикана од човечки фактор, или пак од, меѓу другиот отпад, депонираното стакло кое во комбинација со високите температури претставува смртоносна закана. Иако проблемот со дивите депонии е хроничен и со години упорно се посочува од жителите, Стојкоски и ДПМНЕ доследно не преземаат апсолутно ништо за да го решат. Се игнорираат сите апели – од граѓаните, од Левица, од експерти и еколошки активисти, па дури ја игнорираат и сопствената предизборна програма! Се отфрлаат и советите, и иницијативите, и амандманите на советниците од Левица во Општината“.

„Токму за оваа година, советниците од Левица предложија амандман со кој се бараше пренамена на средства во Буџетот за расчистување на дивите депонии. Тој предлог беше арогантно и без аргументи одбиен од мнозинството на ДПМНЕ, со што уште еднаш покажаа дека нивните приоритети се далеку од вистинските потреби на жителите. И за парадоксот да биде поголем, во моментите кога Ѓорче Петров се давеше во густ црн чад, неподнослива миризба и вистинска опасност по здравјето и животот на граѓаните, Стојкоски и локалниот штаб на ДПМНЕ без трошка свест и совест организираа партиска трибина за „реформите во здравството“ и за тоа што нивната Влада направила во една година – како ништо да не се случува пред нивните очи. Оваа трагедија брутално ја потврди целосната нефункционалност и незаинтересираност на локалната власт на ДПМНЕ да се справи со најгорливите проблеми на жителите и да обезбеди барем основна безбедност и нормални услови за живот во Ѓорче Петров“ велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица