Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Од:

Фирмата ,,Нефи Ик”, тендер партнерот на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, пред својата дивоградба во Охрид ја искрши и отстрани спомен – плочата на Охридскиот судски процес во кој на 26 и 27 ноември 1941година, беа осудени со казна затвор и смртна казна, група комунисти, поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор велат од Левица.

– Кон крајот на август 2023 година, градежен инспектор утврди отстапување од проектот за реконструкција, го затвори градилиштето и донесе решение за отстранување на нелегалните доградби на објектот. Но, и покрај тоа градежните активности продолжија. Локалниот шериф, Нефи Усеини, не само што не постапи по решението на градежниот инспектор, туку се дрзна да ја отстрани спомен – плочата на борбата на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор!
И додека Левица организираше протести против бугарскиот фашистички клуб ,, Цар Борис Трети”, против глорификација на фашизмот, тука во непосредна близина на поранешниот бугарски фашистички клуб, деновиве е отстранет споменикот кој сведочи за антифашистичката определба на охриѓани и македонскиот народ воопшто. Најзагрижувачки е што надлежните молчат. Молчи и Сојузот на борци, како и коалицијата СДС и ДПМНЕ, за атер на нивниот коалициски партнер ДУИ. Левица ги повикува надлежните веднаш да излезат на терен и да реагираат, а спомен – плочата да биде повторно поставена на истото место.
Не смееме да дозволиме историското минато на македонскиот народ и неговата антифашистичка борба да бидат заложници на дивоградбите на Нефи и на нечии лични интереси, се вели соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Власта одби да ѝ даде ингеренции на министерката за енергетика – не помина законот за укинување на РКЕ

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда“

Горан Наумовски

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Крмов за „Сејф сити”: Не може луѓе со примања од 500 и 50.000 евра да се казнуваат исто

А1он

(ВИДЕО) Мојсоска: Ќе продолжи неказнивоста за корумпираните функционери – Одбиени се амандманите на Левица