Левица: Не влегуваме во новата влада, Јовановиќ е ангажиран како експерт

Од:

„Левица се чувствува повикана да реагира на прашањата на јавноста во врска со ангажирањето на наш член, д-р Бранимир Јовановиќ, во Министерството за финансии во новата влада на СДСМ, ДУИ и АА. Сакаме да укажеме дека Левица не учествува во новата Влада и дека ангажманот на Бранимир Јовановиќ во Министерството за финансии е како економски експерт, врз основа на неговата претходна врвна работа како економист.

Нашиот став е дека оваа Влада е составена од личности со заемно противречни погледи за економијата и општеството; а единственото добро што произлегува од формирањето на Владата на Заев е тоа дека престана автократското, криминогено владеење на ВМРО-ДПМНЕ, што не е мала работа, но е недоволна за надминување на горливите проблеми.

Но, сепак, посакуваме Бранимир Јовановиќ да придонесе кон остварување на политичките погледи и заложби, кои се во интерес на работниците, сиромашните, младите и другите маргинализирани групи“ се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Левица: Осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор, правдата бавно доаѓа

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае