Левица: Најголем поборник за Биљал Касами да биде повторно градоначалник е раководството на ДПМНЕ на чело со Мицкоски

Од:

Се чини дека најголем поборник за Биљал Касами да биде повторно градоначалник е раководството на ДПМНЕ на чело со Мицкоски. Со своите изјави и одлуки, Мицкоски ги злоупотребува симпатизерите на партијата, принудувајќи ги масовно да гласаат за кандидат чија политичка агенда е спротивна на унитарниот карактер на Република Македонија, велат од Левица.

„ДПМНЕ не само што од позиција на власт не успеа да ги заштити македонските државни и национални интереси – тие сега активно учествуваат и во сценариото за федерализација на државата, токму како што посакуваат ДУИ, ВРЕДИ и Касами со изјавата за „Македонија да биде втора албанска држава”.

Последната средба на Касами со Шпетим Положани (предводник на иницијатива за федерализација на Македонија, којшто во 2017 година јавно изјави дека „Албанците се 50% од Македонија и треба да одлучат дали државата ќе постои или не“), е скандалозна потврда на неговата политичка ориентација.

Мицкоски, со своето молчење пред скандалите на ВРЕДИ и тајно договарање, се претвора во најголем сојузник на овие антимакедонски политики. Наместо да биде бранител на македонските национални интереси, ДПМНЕ станува нивен егзекутор на терен – мобилизирајќи сопствени гласачи и симпатизери за кандидат којшто мрази сѐ што е македонско.

Ги повикуваме членовите и симпатизерите на ДПМНЕ да не подлегнуваат на партиските притисоци и недостоинствени директиви од Белата палата и да застанат зад нашиот кандидат за градоначалник на Тетово – д-р Катка Божиновска. Време е Тетово конечно да добие градоначалник кој ќе работи за сите жители, без етнички фаворизирања. Ова е моментот граѓаните да ја исчистат политичката сцена од оние кои владеат со поделби и ја користат општината како личен банкомат, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!