Левица: Началникот од Демир Хисар суспендиран за рекет, Тошковски го унапреди

Од:

Незаконитото однесување на началникот на ОВР Демир Хисар – Роберт Мартиноски, каде се обидува противправно да лиши лице од слобода, само го докажува хаосот и непрофесионализмот кое владее во министерството на Тошковски. Сцените на насилничко однесување на началникот потсетува на времето кога полицијата на ДПМНЕ беше целосно инструментализирана под партиска директива и тепаше студенти по библиотеки“ соопштија денеска од политичката партија Левица.

Како што велат информациите кои пристигнаа до Левица за началникот Роберт Мартиноски докажуваат дека се работи за непрофесионален кадар, кој сега стана познат на целата јавност како извршител на партиски наредби. Имено, кариерата на Роберт Мартиноски започнува за време на владеењето на СДС, кога се вработува на позицијата помлад инспектор, бидејќи тогаш Мартиноски е активист на социјалдемократската власт. Како што се менува партијата на власт, така и актуелниот началник “ги менува партиските вредности”, па за време на владеењето на ДПМНЕ, истиот е унапреден во инспектор за општ криминал“.

Додека ја обавува оваа позиција, Мартиноски е суспендиран во своето работење поради барање рекет, за кога доаѓа Тошковски на чело на МВР, токму овој кадар да биде поставен за началник на ОВР Демир Хисар! Ова се скандалозните кадровски решенија на Панче Тошковски, кои сега спроведуваат беззаконие и се обидуваат противправно да лишат од слобода лица по партиска наредба. Фактите за скандалот во Демир Хисар се јасни – началникот Мартиноски немал правен основ да лиши од слобода затоа што немало налог од суд, додека без налог од суд полицијата може да лиши од слобода во прецизно наведени случаи, кои не се исполнети во случајот со директорката од Демир Хисар“ е ставот на Левица.

Од партијата го прашуваат министерот Панче Тошковски зошто веднаш не е разрешен началникот на ОВР Демир Хисар и како министерот го унапреди во началник кадар кој претходно бил суспендиран од работа?! Наместо Панче Тошковски да го заташкува случајот со внатрешна контрола, Левица го повикува веднаш да го разреши началникот Роберт Мартиноски и против него да биде поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба“.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата на ДПМНЕ го рехабилитира фашизмот – училиште ќе носи име на балистот Азем Морани

А1он

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Левица: Сериозни финансиски злоупотреби, доживотни дисквалификации, но владата на ДПМНЕ го предложи и стана претседател на одборот на директори во Телеком

Левица: Инспекторката Зашовска наградена со унапредување поради заштитата на Бојан Христовски

Левица: Државата месец дена без Народен правобранител за Вреди да инсталира партиски неподобен кадар

Левица: Вмровската инспекторка која ја одбрани фалш дипломата на Христовски сега штити сдсмовски кадри