Левица: На кого му одговара организираниот грабеж со патарините?!

Од:

„Жител на Гостивар плаќа 1.000 денари патарини за вкупно 460 километри во двата правци на автопатот до македонско-грчката граница (или 2,57 денари по километар!) што Македонија ја прави земја со најскапи автопати во Западен Балкан. Во Србија, минувањето на делницата долга 600 километри од Прешево до унгарската граница чини 48 евра во двата правци (или 2,37 денари по километар!)“ соопштија денеска од Левица.

Велат „Ова ја прави Македонија држава со најскапи патарини за патишта кои не се ни автопати. На предлог-законот од Левица да се намалат патарините за 50%, пратеници од власта викаат дека требало да го пофалиме ЈПДП што имало рекордна наплата на патарини?“.

„Па, токму таа рекордна наплата е од џебот на сиромашните граѓани што го полнат буџетот за партиски вработувања. Ама од десничарска влада не се ни очекува рекордна наплата на даноци од милионери (како Анѓушеви и Заеви), туку арачот се збира од сиромашните – исто како во време османлиско“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он