Левица: Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградбата си крена уште еден кат

Од:

Вчера, на денот на официјалното започнување на изборната кампања, пратеничката и кандидатка за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска ја отвори темата за дивоградбите во Струга, посочувајќи на конкретен случај во центарот на градот. Како што обзнани преку социјалните мрежи минатата недела поднела ургенција за итно постапување до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Струга и овластениот градежен инспектор во општината, поради тоа што, како што наведува, „и покрај констатирани неправилности во градењето – дивоградбата во струшката чаршија си крена уште еден спрат“, велат од Левица.

„Мојсоска нагласува дека станува збор за уште еден феномен во градот: Во Струга се случува и тој феномен да се узурпира државно земјиште и незаконски да се гради среде бел ден, во центарот на градот, ама ниту МВР, ниту Обвинителство, ниту општината не можат да се справат со една дивоградба.

Во ургенцијата Мојсоска бара продолжување на постапката за бесправно градење на објект и узурпација на државно земјиште, нагласувајќи дека и покрај започнатите управни и кривични постапки, изградбата продолжува.

„Оваа дивоградба (која е една од многуте) е олицетворение на комплетниот колапс и коруптивност на системот“, истакнува таа, додавајќи дека проблемот не е во една изолирана институција, туку во „комплетна спрега на непостапување на низа институции: јавното обвинителство во Струга, државните правобранители, општината, вишото јавно обвинителство, МВР итн.“

На крајот, Мојсоска ја поврза оваа тема со пошироката состојба во земјата: Ова само ја потврдува тезата дека во Македонија во секоја сфера е метастазирана корупцијата и безаконието – а за тоа се виновни сите партии кои биле дел од власта досега.

Таа апелираше до граѓаните на Струга: „Ако сакате ред во безредието во нашата Струга, на овие избори имате опција да заокружите број 6.“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он