Левица: Мицкоски излажа за „Алказар” – Македонија ќе ги распродава природните ресурси на странци и ќе нема никаков ќар

Од:

Владата и Мицкоски уште еднаш свесно ги доведе граѓаните во заблуда. Инвестицијата на странскиот фонд „Алказар енерџи“, која беше промовирана како проект што ќе снабдува 100.000 македонски домаќинства со струја и ќе ја зајакне енергетската независност на државата, всушност е класична комерцијална зделка. Македонија од оваа инвестиција нема да има никаков ќар – ниту поевтина струја, ниту поголема стабилност во снабдувањето. Одговорот на Владата за медиумот „360 степени”, дека нема склучен, а ниту ќе се склучи договор за загарантиран откуп на електрична енергија, го разоткрива лажниот маркетинг на премиерот Мицкоски, велат од Левица.

– ЕСМ која досега ги покриваше потребите на универзалниот снабдувач, е оставена на маргина и во сѐ поголеми долгови. Наместо државата да вложува во ветерни паркови, да создаде јавна добивка и енергетска безбедност, Владата на Мицкоски турка приватни и странски проекти без никаква корист за македонските граѓани.

Зошто државната ЕСМ, која располага со човечки капацитети, инфраструктура и знаење, не ги добива овие проекти, туку е системски запоставувана и задолжувана? За чии интереси работи Владата кога на секоја прес-конференција промовира туѓи пари, туѓи фирми и туѓи енергетски капацитети?

Граѓаните се излажани! Во своите изјави, премиерот Мицкоски тврди дека „100.000 домаќинства ќе се снабдуваат со струја од ветерниот парк“, но Владата отворено признава дека проектот е чисто комерцијален, што значи дека струјата ќе се продава таму каде што ќе се понуди највисока цена, односно на странските пазари!

Ова е брутална лага и манипулација со македонската јавност. Ова не е инвестиција во интерес на граѓаните, туку бизнис зделка без никакви обврски за инвеститорот кон државата. Македонија повторно ја дава својата земја, ветер, ресурси, за профит на странски фирми, без никаква гаранција и можност граѓаните да добијат поевтина или посигурна струја.

Сето ова отвора сериозно прашање, дали „енергетичарот“ Мицкоски има само една цел: да ја уништи државната енергетика и потоа да ја продаде за ситни пари, додека паралелно промовира странски бизниси кои не нудат ништо за македонскиот народ?

Целата оваа инвестиција не е ништо повеќе од уште еден грабеж на природните ресурси на Македонија. Струјата од ветерниот парк нема да заврши кај народот, туку ќе се извезува во странство, а сметките за струја во Македонија ќе продолжат да растат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица ќе иницира разрешување на корумпирана „антикорупционерка” – Татјана Димитровска

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски

СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

Горан Наумовски

Левица: Партијата на избори ќе оди самостојно, не се водат разговори ни со СДСМ, ни со ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Левица: Фантом фирма од Битола добива милионски тендери

А1он