Левица: Ковачевски и Спасовски ќе добиваат апанажа од 2.500 ЕУР месечно, иако Уставниот суд ја укина

Од:

Иако минатата година, Уставниот суд со Одлука У.бр.8/2022/1 ја укина апанажата, функционерите на СДС деновиве незаконски побарале и добиле право на апанажа. Имено, Комисијата за прашања на изборите и именувања, на седница одржана на ден 6.2.2024 година, констатирала дека од страна на поранешните функционери Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски се поднесени Барања за остварување на правото на исплата на апанажа, се вели во реакцијата на Левица.

– Скандалозно е што собраниската Комисија, со само пет присутни члена, ги усвојува барањата за исплата на апанажа за двајцата поранешни функционери, спротивно на Уставот! Ова значи дека милионерите Спасовски и Ковачевски во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата од 2.500 евра. Иако Ковачевски и неговата сопруга поседуваат милионски бизниси во енергетиката, поранешниот премиер одлучил дека треба да добива плата од државата и наредните 12 месеци (што е спротивно на Уставот).

Потсетуваме дека поранешниот премиер и министер за внатрешни работи го завршија својот функционерски мандат со давање оставка од функцијата која ја извршуваа. Согласно Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и сега веќе укинатиот чл. 22, истите немаат правен основ за остварување на правото на исплата на апанажа! Доколку Комисијата не ја ревидира оваа своја одлука во рок од 3 дена, Левица ќе поднесе соодветни поднесоци до надлежните органи за утврдување на одговорност за своето работење на сите присутни членови, кои одлучувале по спорната точка – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Левица: Автокамп-дивоградба во Ресен узурпира државно земјиште и незаконски наплаќа од граѓани

МВР ги демантира тврдењата на Левица за испитниот центар во Битола