Левица: Косоварска платформа – соработник на Курти ќе биде вицепремиер во Владата на ДПМНЕ

Од:

Арбен Фетаи – поранешен соработник на косовската Влада, е избран за Вицепремиер за добро владеење од страна ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, на предлог од необалистот Арбен Таравари. Неговите професионални ангажмани никогаш не биле поврзани со Македонија, а на јавноста ù е познат по долгогодишното работење за косовскиот премиер Албин Курти, кој е отворен промотор на великоалбанската идеја, се вели во соопштението од Левица.

„Парламентарниот состав на ДПМНЕ за Вицепремиер избра кадар кој не знае македонски јазик, ниту пак живее во Македонија! Професионалната политичка кариера на Фетаи секогаш му била врзана за интересите на косовските Албанци, додека националистичките политики секогаш ги водел заедно со најголемиот промотор на великоалбанската идеја, којшто минатата година вееше вакво знаме во Тетово – Албин Курти.

Кадровски решенија за кои сведочиме изминативе денови, не можат да се гледаат поинаку, освен како кадровски адути кои треба да ја спроведат т.н. Косовска платформа! Сѐ поочигледно е дека функционерите донесени на власт се стремат да ја нормализираат горе споменатата необалистичка реторика и спроведуваат иредентистичка политика со одредени европски примеси, кои овде се „претставуваат“ како некаква вредност.

Токму ваквата реторика е намерена во дискурсот да ја придвижи идејата за федерализација на државата! Целта за поткопување на унитарниот карактер на државата, оди паралелно со притисоците од бугарска страна, а ваквиот избор на кадровски решенија се само машата преку која се насочува реализацијата на погубните политики кон Македонија, кои надворешни центри ги спроведуваат преку директна партиципација во новиот владин состав. Сметаме дека кадровските решенија кои поседуваат државјанство на друга држава, можат да бидат закана за државните и национални интереси на Македонија! Ја потсетуваме јавноста дека Левица во својата програма се залага лица со две или повеќе државјанства да не можат да бидат кандидирани, бирани или именувани на било која јавна или раководна функција, во сите нивоа на централната и локалната власт, токму за спречување на вакви политички појави, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот“ на ДПМНЕ

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

(ВИДЕО) Крмов: Гаши ги ускрати пратеничките прашања на опозицијата со произволно толкување на Деловникот

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он