Левица ќе иницира разрешување на корумпирана „антикорупционерка” – Татјана Димитровска

Од:

„Ја известуваме јавноста дека пратеничката група на Левица, преку пратеникот Борислав Крмов (како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања) ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Недозволиво е Собранието да биде пасивно и да чека самата претседателка да поднесе оставка од морални причини, кога против Димитровска се водат две кривични истраги и истата повеќе од два месеци не доаѓа на работа!“ соопштија попладнево од Левица.

Велат „дополнително, при постапката за избор на претседател за Антикорупциска комисија, секој кандидат мора да поднесе уверение дека против него не се води кривична постапка. Овој принцип мора да важи во текот на целиот мандат и претставува основ Собранието да ја разреши претседателката Татјана Димитровска, како надлежно тело кое го врши изборот и разрешувањето на составот на Државната комисија за спречување на корупција“.

„Левица, од самиот момент кога Димитровска доби статус на осомничена во случајот „Адитив”, побара оставка и од целокупниот состав на Антикорупциска комисија, затоа што целосно е компромитиран и нарушен интегритетот за работа на ова тело. Дополнително, ако се земат предвид и низата на скандали кои од самиот старт ја следат Антикорупциска комисија и нејзиното непостапување (како во случаите со директорот на АНБ и заменик-директорката на Агенцијата за разузнавање), јасно е дека овој состав единствено служи за да ги аминува лошите политики на власта. Оттука, јасно е зошто власта не иницира разрешување на претседателката Татјана Димитровска, која токму мнозинството од ДПМНЕ и СДС сложно си ја изгласа и чиј интегритет е целосно нарушен“ е партискиот став.

Од партијата бараат „дополнително, наместо премиерот Мицкоски и спикерот Гаши да ги констатираат само лошите законски решенија, кои им овозможуваат неограничена законска заштита на избраните функционери, ги повикуваме како владејачко мнозинство да иницираат законски измени на Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, со цел конечно воспоставување на професионални критериум и стандарди за работа на ова тело, каде самите членовите ќе подлежат на висока одговорност и отчетност пред граѓаните, наместо да бидат партиски послушници на властите“.

Би можело да ве интересира

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

А1он

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија