Левица ќе иницира разрешување на корумпирана „антикорупционерка” – Татјана Димитровска

Од:

Ја известуваме јавноста дека пратеничката група на Левица, преку пратеникот Борислав Крмов (како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања) ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Недозволиво е Собранието да биде пасивно и да чека самата претседателка да поднесе оставка од морални причини, кога против Димитровска се водат две кривични истраги и истата повеќе од два месеци не доаѓа на работа!“ соопштија попладнево од Левица.

Велат дополнително, при постапката за избор на претседател за Антикорупциска комисија, секој кандидат мора да поднесе уверение дека против него не се води кривична постапка. Овој принцип мора да важи во текот на целиот мандат и претставува основ Собранието да ја разреши претседателката Татјана Димитровска, како надлежно тело кое го врши изборот и разрешувањето на составот на Државната комисија за спречување на корупција“.

Левица, од самиот момент кога Димитровска доби статус на осомничена во случајот Адитив”, побара оставка и од целокупниот состав на Антикорупциска комисија, затоа што целосно е компромитиран и нарушен интегритетот за работа на ова тело. Дополнително, ако се земат предвид и низата на скандали кои од самиот старт ја следат Антикорупциска комисија и нејзиното непостапување (како во случаите со директорот на АНБ и заменик-директорката на Агенцијата за разузнавање), јасно е дека овој состав единствено служи за да ги аминува лошите политики на власта. Оттука, јасно е зошто власта не иницира разрешување на претседателката Татјана Димитровска, која токму мнозинството од ДПМНЕ и СДС сложно си ја изгласа и чиј интегритет е целосно нарушен“ е партискиот став.

Од партијата бараат дополнително, наместо премиерот Мицкоски и спикерот Гаши да ги констатираат само лошите законски решенија, кои им овозможуваат неограничена законска заштита на избраните функционери, ги повикуваме како владејачко мнозинство да иницираат законски измени на Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, со цел конечно воспоставување на професионални критериум и стандарди за работа на ова тело, каде самите членовите ќе подлежат на висока одговорност и отчетност пред граѓаните, наместо да бидат партиски послушници на властите“.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира