Левица: Кај поранешната фабрика „Tреска” се гради по истечен ДУП

Од:

Четирите барања за издавање градежни дозволи на спорниот имот на бившата фабрика Треска поднесени во Општина Центар – се Демоклов меч над Градоначалникот на Центар, Герасимовски. Наместо гласање нов ДУП, кој ќе биде скроен по мерка и потреба на граѓаните (зашто сегашниот ДУП е веќе застарен), градоначалникот Герасимовски тактички не дејствува, што оди во корист на градежниците кои ќе се офајдат од астрономските цени за станбен и деловен простор во најбогатата општина во Скопје. Истата Општина – која нема средства да покрие дневен престој на учениците од 9 годинки во ниедно свое основно училиште, велат од Левица.

„Тројцата советници од Левица во Центар, побараа од службите на Општината информација дали е побарано и издадено барање за одобрение за градење, каде што добија негативен одоговор. Значи или некој гради без правосилна дозвола, при што инспекцијата затаила, или некој безочно лаже! Наместо Герасимовски да иницира нов ДУП, медиумите објавија дека во април е издадено првото решение за градење, од кое ќе се офајдат компаниите ,,Голден арт” и ,,Мега акустик”. За овој простор, се води истрага за можен криминал при денационализацијата, криминал од сериозни размери со кој се оштетени како стечајците, така и општината! Јасно е дека и СДС и ДПМНЕ работат единствено за профитот на градежната мафија, на штета на сите граѓани на општина Центар“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Пензионирани пилоти и ова лето ќе гаснат пожари – пожарникарите не поседуваат ниту минимум потребна опрема

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите