Левица: Кафе бар во сопственост на заменик-министерка од Вреди доби 9.000 евра од Општина Чаир

Од:

„Општина Чаир и заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири во скандалозна шема успеале да извлечат пари од буџетот на општината на нетранспарентен и коруптивен начин. Имено, општина Чаир исплатило речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на функционерката од Вреди, и тоа само во периодот откако Зеколи-Шаќири стапи на функција“ соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција“.

„Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир. Левица ја повикува Антикорупциската комисија конечно да започне професионално да ја реализира својата работа, наместо да го крие од медиуми сертификатот на директорот на АНБ. Наместо да молчи пред владината корупција, ДКСК мора веднаш да отвори предмет за скандалозното делење буџетски пари на фирми во сопственост на владини функционери“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите