Левица: Јавните претпријатија повторно во загуба иако ги покачија цените врз грбот на охриѓани

Од:

На вчерашната седница на Советот на Општина Охрид на дневен ред беа годишните извештаи и завршни сметки на образовните институции, јавните претпријатија и програмите на општинските одделенија.

ЈП Градски пазар и ЈП Охридски Комуналец и покрај покачените цени на услугите повторно поднесоа завршни сметки со загуби. ЈП Комуналец 12 милиони денари, дури два пати поголема загуба од минатата година кога работеле со загуба од 5 800 000 евра.

Директорот на ЈП Охридски Комуналец покажа најслаби резултати во овие две години, вклучувајќи ги тука и огласите за јавни набавки, пр. багерот од 1987 година набавен по цена од 53 000 евра, иако реалната негова вредност е 8 – 10 илјади евра. Според тоа, секој неуспешен директор треба да има морална одговорност и да си поднесе оставка.

Освен тоа, покрај другите трошоци, јавните претпријатија продолжуваат да ги трошат парите на охриѓани за непотребно рекламирање по медиуми. Во медиумите можат само да се соопштуваат известувања во случај на дефекти.

Според овие завршни сметки излегува дека охриѓани плаќаат повисоки сметки заради предизборните вработувања, кои претставуваат дополнителни трошоци за ЈП кои ги трошат народните пари, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа