Левица: Јаневска тврди дека го покачила студентскиот оброк, а студентите и натаму добиваат 140 денари

Од:

Ќе бараме итни законски измени со кои студентскиот оброк ќе се усогласи со сегашната законска рамка, а потоа ќе понудиме темелно и долгорочно решение за висината на студентскиот оброк и за целокупниот студентски стандард. наведува политичката партија Левица.

– Весна Јаневска повторно се обиде да се извлече од скандалот со студентскиот оброк така што наместо одговор понуди нова измислица. Министерката тврди дека оброкот бил покачуван, дека Владата на ДПМНЕ дури и однапред дала повеќе и дека критиките на Левица и студентите биле неоправдани. Само што реалноста е сурово едноставна – официјалните повици на МОН за 2024/2025 и 2025/2026 и понатаму стојат на 140 денари. Значи, додека Јаневска на телевизија тврди за веќе двапати сторени покачувања, а нејзиното Министерство на хартија исплаќа ист износ.

Ова веќе не може да се подведе под лапсус, непрецизност или лошо објаснување. Јаневска или свесно ја лаже јавноста или до тој степен не се интересира за студентите што не знае ни колку изнесува правото што го исплаќа институцијата со која раководи и не знае што, всушност, предвидува Законот за субвенциониран студентски оброк. И двете варијанти се поразителни за министерка за образование. Не зборуваме за некоја споредна ставка во Буџетот, туку за право што го користат десетици илјади студенти секој ден.

Најбезобразно е што после сето тоа Јаневска се обидува да ја претстави Владата како некаков добротвор на студентите. Не, госпоѓо Јаневска. Студентскиот оброк не е подарок од ДПМНЕ. Тоа е право утврдено со закон и платено со јавни пари. Вашата работа не е да се фалите што државата воопшто издвојува средства за студентите, туку да обезбедите тие средства да бидат исплатени правилно и навреме. А кога ќе ве фатат дека тоа не е направено, најмалку што можете е да не измислувате дека сте дале нешто што студентите никогаш не го виделе.

Очигледно нема кој од подмладокот на ДПМНЕ да ѝ каже на министерката дека за младите и студентите не треба да се штеди, туку дека тие се субјекти во општество во кои државата треба значително и континуирано да вложува. Зад невистините на Јаневска стои неусогласувањето на студентскиот оброк кое значи дека студентите останале покуси за околу 6,5 милиони евра. Тоа е конкретна разлика која насобрано секој месец недостасувала на студентските картички. И затоа е крајно дрско министерката да се однесува како проблемот да е во тоа што Левица реагира, наместо во тоа што нејзиното Министерство не го исполнило она што студентите го очекуваат по закон.

Црвена Младина и пратениците на Левица активно се вклучени во изнаоѓање решение за хаосот што го создаде Владата. Прво ќе бараме итни законски измени со кои студентскиот оброк ќе се усогласи со сегашната законска рамка, а потоа ќе понудиме темелно и долгорочно решение за висината на студентскиот оброк и за целокупниот студентски стандард, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски