Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Од:

Откако обзнанивме дека вмровската владина постава не го усогласувала студентскиот оброк согласно Закон и дека студентите се ограбени за околу 6,5 милиони евра, Весна Јаневска на ТВ24 реши да понуди една навистина револуционерна одбрана, односно да измисли дека го покачиле! Со мртва сериозност министерката раскажа дека само штом дошле на власт, 140 денари прво станале 147, па потоа биле покачени за уште 20 денари и дека ДПМНЕ, ни помалку ни повеќе делувало дури и три години однапред. Единствен проблем е што овие покачувања не се случиле никаде освен, очигледно, во фантазијата на министерката. Студентите не ги виделе, законот не ги истрпел, банките не ги префрлиле, а ни МОН не слушнал дека министерката толку великодушно делела пари, велат од Левица.

– И навистина е фасцинантно да гледате ресорен министер како во живо си измислува што работело сопственото Министерство. Официјалниот повик на МОН за 2024/2025 е за 140 денари. Официјалниот повик за 2025/2026 повторно е 140 денари. Наспроти официјалната архива на МОН, Јаневска тврди дека седум плус, дваесет плус, три години однапред ДПМНЕ го зголемиле студентиот оброк. За жал, студентите ручаат со парите на картичката, а не со парите што министерката ги дели во својата глава.

Ова повеќе не е ниту смешно, туку крајно безобразно лажење на студентите во лице. Ако Јаневска навистина не знае дека две години нејзиното Министерство објавува ист износ од 140 денари и дека Законот за субвенциониран студентски оброк не е променет, тогаш е скандалозно незаинтересирана за ресорот што го води. Ако знае, а сепак јавно раскажува дека го покачила, тогаш свесно ја лаже јавноста. Трета варијанта нема. Не може 140 истовремено да бидат и 147, и плус 20, освен во вмровската математика каде што очигледно е доволно министерката да сони нешто дека се случило за тоа да стане владино достигнување.

Најдрско е што после оваа измислица министерката почна да се фали со “огромните средства“ што државата ги издвојувала за студентите и дека сме немале право да се буниме. Госпоѓо Јаневска, тоа не се Ваши пари. Не ги вадите од паричник, ниту ДПМНЕ им плаќа ручек на студентите од партиска членарина. Тоа се буџетски средства и права утврдени со Закон. Вие имате една многу поприземна задача, а тоа е да го знаете и спроведувате Законот. А кога ќе Ве фатат дека бројките не се совпаѓаат, барем да не измислувате нови.

Затоа, Левица ја повикува Јаневска да престане да ни раскажува што мисли, памети или ѝ се сонило дека исплатила и да го покаже фамозното покачување. Нека го извади актот со 147 денари. Нека ја покаже исплатата. Потоа нека ги најде и дополнителните 20. Ако не постојат (а не постојат) тогаш и самата ќе се фати во лага толку евтина што ја демантира веб-страницата на институцијата со која самата раководи. Студентскиот оброк не се покачува со силата на имагинацијата, а лагата не станува вистина само затоа што ја кажала министерка, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Јаневска бара да се поништи Бадентер и ги нарекува Албанците „мала Заедница“, реагира ДУИ

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ