Левица: Јаневска и Јакимовски водат партиски пресметки преку грбот на ученците

Од:

Деновиве јавноста сведочи препукувања меѓу лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, и министерката за образование од ВМРО- ДПМНЕ, Весна Јаневска, велат од Левица.

„Јакимовски најави дека ќе го помести почетокот на грејната сезона во училиштата на територија на општина Карпош за први ноември, бидејќи парите што ги добива Општината од МОН не се доволни да ги покријат трошоците на училиштата и училиштата веќе должат 8.300 000 денари кон ЕСМ.

Јакимовски излезе со тврдење дека блок-дотациите на кои се повикува Јаневска не се соодветно исплатени, односно од предвидени 39 милиони денари, исплатени се само 23 милиони ден. Министерката излезе со коментар дека Јакимовски е снаодлив и очекува да се снајде. Додека тие, место да седнат на маса и да разговараат за проблемот со цел да најдат решение, се препукуваат на пресови, учениците од училиштата во општина Карпош ќе останат во студени училници. Ситуацијата во општина Карпош сведочи за една крајна незрелост и немање свест за јавен интерес и од двете страни.

Додека Јакимовски и Јаневска калкулираат партиски гласови ни малку немаат предвид дека стотици основци и нивните наставници се оставени да работат во несоодветни услови. Партиските пресметки за јавни пари и на сметка на јавен интерес ја даваат вистинската слика на несовесноста на владеачките партии и го покажуваат вистинското лице на нивната жед за власт. Очигледно е дека крајна цел е моќ и злоупотреба, место идеи и реализација за поквалитетно живеење и просперитет на општеството. Ставот на Левица е дека јавниот интерес мора да биде над секој друг интерес. Ги повикуваме и двете страни да бараат и да нудат решенија, место да креираат проблеми со цел да приберат политички поени – на граѓаните веќе им е јасно дека во ваквите навидум битки, единствени жртви се тие и нивните деца“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он