Левица: Јаболкопроизводителите извисени од ДПМНЕ и Трипуновски – субвенциите не им се исплатени

Од:

Голготата на јаболкопроизводителите продолжува и со новата влада предводена од Мицкоски. Иако пред еден месец од страна на министерот Цветан Трипуновски беше објавено дека е исплатен 30% аванс од субвенциите, реалноста е дека поголем дел од производителите не добија ниту денар и сѐ уште нема одговор кога ќе се исплатат. Дополнително, за сезоната 2023-2024 година беа предвидени субвенционирања од 2 денари за предадени јаболка на регистриран откупувач, мерка која не ја опфати цела сезона, туку само до 15 јануари 2024, велат од Левица.

„Левица јавно го прашува министерот Трипуновски: Зошто нема мерка која ќе ги опфати производителите и количините што се предале после 15 јануари?! Не се исплатени субвенциите од 3 денари на 180 производители, кои предале јаболко на фирмата „Хераклеас” за сезона 2022/2023. Сведоци бевме дека министерот Трипуновски вети дека тоа ќе се исплати и дека ќе се исправи грешката која е направена, но и тие ветувања пропаднаа.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој дополнително го отежнува исплаќањето субвенции. Како причина за ова тие наведуваат постоење на наводни долгови на земјоделците кон други државни институции – смислена манипулација со цел одложување или евентуално откажување на земјоделците од побарувањата кои им следуваат.

Јавно ги прашуваме министерот Трипуновски и директорот на АФПЗРР, Илија Стоилев:

– Дали во буџетот има предвидено пари за исплата на сите земјоделски субвенции по сите основи заклучно со 2024 година?
– Зошто не се решаваат проблемите во регистарот на должници поради кој земјоделците кои немаат долгови не можат да ги добијат субвенциите?
– Зошто не е воведен календар за исплата на субвенции којшто ќе овозможи земјоделците да ги планираат инвестициите во посев?

Хаосот во исплатата на субвенциите воведен од СДС и Николовски не смее да продолжи со неговиот наследник од ДПМНЕ – Трипуновски. Левица повикува коалицијата на власт да покаже доблест и наместо лажни ветувања, реално да се заложи за решавање на проблемите на земјоделците, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга