Левица: Изборите на 5. јуни се противуставни!

Од:

„Левица предупредува дека во случај да се одржат избори на 5 јуни ќе биде прекршен Уставот на Република Македонија! Според Уставот, една од темелните вредности на уставниот поредок се демократски избори. И оној што има најелементарно познавање од правото сфаќа дека најелементарен услов за демократски избори е да има избор помеѓу две опции, а сега тоа не е случај.

Упатуваме јавен повик до пратениците од антирежимските партии да влезат во Собранието и да не го напуштаат Собранието сѐ додека Претседателот на Собранието не свика седница на која ќе биде повлечена одлуката за самораспуштање на Собранието, а со цел да не дојде до прекршување на Уставот. Пратениците земаат плата и во овој период. Нека си ја заработат!

Бидејќи одењето сами на избори се работи за хир, кој ќе го прекрши Уставот и кој ќе ја чини државата 7,5 милиони евра (!), ДИК да побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја уплати оваа сума пред да почне да троши пари за организирање на изборите. Не сме толку богати за да фрлиме 7,5 милиони евра за нечиј хир“, се вели во соопштението на ЛЕВИЦА.

Би можело да ве интересира

Брвеница избира градоначалник

Горан Наумовски

Брвеница в недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките