Левица: Илире Даути ја изгуби довербата на Собранието и повеќе не може да биде претседателка на Комисијата

Од:

Со изгласаната интерпелација на пратеничката Илире Даути, Собранието донесе заклучок дека наводите во интерпелацијата на Левица се основани и дека Даути работела несовесно и неодговорно како претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Со усвоениот заклучок се утврди дека Даути повеќепати го прекршила Уставот, законите и Деловникот на Собранието, преку блокирањето на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија или т.н Закон за бранители, наведуваат од Левица.

Со оваа констатација, пратеничката од редот на Европскиот Фронт е недостојна да ја врши функцијата претседател на Комисијата и нејзината пратеничка група итно треба да достави нов предлог кој ќе ја замени.

Во спротивно, ако на било кој начин остане претседателка на Комисијата, се прави опасен преседан и целосно се девалвира и обезвреднува правната институција „интерпелација“. Никакви пристрасни и „креативни“ толкувања на Деловникот од страна на спикерот Африм Гаши не можат да ја спасат Даути од одговорност. За жал, неговата очигледна пристрасност во овој случај излегува единствено мотивирана од етничката припадност на пратеничката.

Очекуваме во понеделник од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да се упати барање до пратеничката група на Европскиот Фронт да дадат предлог кој ќе ја замени Илире Даути како претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Ако тоа не се случи, Комисијата мора да реагира и таа итно да биде разрешена.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, доколку Европскиот фронт повторно се обиде да ја предложи Даути за претседател на истата комисија, што во пракса би било ништо повеќе од обично подигрување со правните процедури, такво нешто мора да биде неприфатливо за мнозинството кое ѝ изгласа интерпелација, оквалификувајќи го нејзиното работење како незаконско, несовесно и несоодветно. Таков пратеник не може да биде претседател на комисија!

Доколку целата ситуација со блокирање на Законот за бранители се повтори со некој иден претседател на Комисијата од редовите на Европскиот фронт, Левица апелира до власта да собере политичка храброст и да изврши притисок врз спикерот Африм Гаши, чија деловничка обврска е да го замени секој претседател на комисија кога не си ја извршува својата должност и конечно да се одблокира Предлог-законот за бранителите на Република Македонија.

Недозволиво е да се поставуваат опасни преседани поради самоволие на еден претседател на комисија, со што се воспоставува неделовничка пракса одредени предлог-закони воопшто да не дојдат на разгледување пред пратениците, што е недозволиво самоволие и рушење на легитимитетот на законодавниот дом, реагираат од Левица.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски