Левица: Градоначалникот на Тетово, Касами, од коалициското трио ВЛЕН – ДПМНЕ – ЗНАМ промовира албанско – косовско културно лето

Од:

Екстремно шовинистички настроениот градоначалник на град Тетово, по веќе своевидно утврдена динамика и и сценирана режија, продолжува да го омаловажува македонскиот народ. Тој и ова лето поддржува и промовира културно лето, преку кое се додворува на соседно Косово по урнек на Гаши, велат од Левица.

„Имено, програмскиот дел на манифестацијата како и минатата година е испишана само на албански јазик. Во делот на настапите има само еден настап на македонски јазик и еден на турски јазик. Другите заедници, кои живеат, творат и воедно плаќаат порез на Касами се фантом – граѓани или попросто речено: небитни.

Напоменуваме дека застапени се две промоции: од кои преку едната се презентира и историски се величи војната во Косово. Додека другата се однесува на промовирање на косовска библиотека. Потсетуваме дека Касами е еден од најнеобалостичките градоначалници во историјата на Македонија, кој отворено ја мрази државата, а истовремено одработува за Курти. Досега, неговите партнери од ДПМНЕ И ЗНАМ не реагираа на ваквите подли игри и понижувања, туку ги сместија на највисоки државни позиции, во името на лажно-искривеното “братство” оти најважно е државата да биде горда, твоја, ничија, а сепак сечија, нагласуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Горан Наумовски