Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници

Од:

Левица со гордост го претставува новиот бран кандидати за градоначалници на локалните избори 2025 година. Станува збор за вистинските луѓе, со интегритет и длабоки врски со своите заедници, кои ја споделуваат визијата за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа.

Кандидатите на Левица се:

Гевгелија Тони Аврамов, професор по македонски јазик

Куманово Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности

Македонски Брод Марјан Ѓурчески, магистер по фармација

Крушево Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер

Кочани Жаклина Филипова-Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани

Илинден Мартин Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим од Воената академија Генерал Михајло Апостолски“

Пехчево Невенка Тренчевска, инженер за животна средина

Берово Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина

Ранковце Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии

Старо Нагоричане Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар, сопственик на сточарска фарма

Со оваа група на кандидати, Левица покажува дека вистинската сила доаѓа од народот – од луѓето кои ја познаваат својата средина, кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните и се подготвени да работат чесно и одговорно.

Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари. Нашите кандидати се луѓе кои ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира