Левица: Фантом фирма од Битола добива милионски тендери

Од:

Катастрофалното управување со АД ЕСМ од страна на менаџерскиот тим доведе ова претпријатие (кое некогаш работеше со добивка) минатата година да ја заврши со рекордна загуба од 120 милиони евра! Наместо консолидација на ЕСМ, како што најавуваше власта, сведочиме како продолжуваат контроверзните тендери и партиските вработувања во ова јавно претпријатие, додека долгот од месец во месец се зголемува“ обвинуваат од политичката партија Левица.

Велат изминатиот период, РЕК Битола склучи скандалозен тендер за чистење со фирма која нема ниту еден вработен и која е формирана само 4 месеци пред склучување на договорот за јавни набавки. Иако, согласно огласот објавен од АД ЕСМ, потребно било компанијата да има минимум 310 вработени и соодветната техничка опременост, тендерот вреден над 2 милиони евра го добива компанијата ТЕХНО КОП ПЛУС ДООЕЛ” од Битола без ниту еден вработен“.

Јасно е дека се работи за сериозен коруптивен скандал со наменски формирана фирма, додека информациите кои пристигнуваат до Левица се дека за оваа компанија да го добие тендерот пресудно било влијанието на Зоран Коњановски, како директор за производство во АД ЕСМ и брат на градоначалникот на Битола. Дополнително, ја потсетуваме јавноста дека под капата на Узунчев и Коњановски, охридската компанија Топлина” доби рекорден тендер за ископ на јаглен во износ од 24 милиони евра за една година. Се работи за компанија која во време на владеењето на СДС беше подизведувач во тендерите со компанијата Маркоски”. Иако, ДПМНЕ во опозиција обвинуваше дека тендерите со Маркоски” предизвикале милионски грабеж во РЕК Битола, сега подизведувачите добиваат рекордни тендери од новото раководство на ЕСМ“ се вели во соопштението на Левица.

Посочуваат иако новата власт дојде со ветувања дека ќе се расчисти епскиот криминал, кој се случувал во АД ЕСМ за време на СДС и ДУИ, ниту една кривична пријава не е поднесена, туку напротив – фирми блиски до новото раководство продолжуваат да добиваат милионски тендери, а АД ЕСМ останува да биде најголем државен загубар“.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира