Левица: ЕСМ доделил тендер на фирмата „Руд Коп” која е под истрага за криминал од 3 милиони евра

Од:

Продолжуваат скандалозните тендери во најголемиот државен загубар АД ЕСМ, со кое директорува Лазо Узунчев. Левица обзнанува уште еден скандалозен тендер, овој пат во вредност од над 2 милиони евра со битолската компанија Руд Коп”. Имено, во февруари финансиска полиција извести дека поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски со соработниците во комбинатот и со помош од вработени во Бирото за јавни набавки, успеале да наместат тендер за ископ, со кој фирмата Руд Коп ДООЕЛ Битола” се стекнала со противправна имотна корист од речиси 3 милиони евра, со што бил оштетен и државниот буџет“ соопштија денеска од партијата Левица.

Велат За криминалот кој се случувал во РЕК Битола финансиската полиција поднесе кривични пријави против седум лица, а само два месеци подоцна, директорот на ЕСМ – Узунчев доделува милионски тендер повторно за ископ на истата фирма која се товари за криминал тежок 3 милиони евра“.

Левица јавно прашува: како фирмата Руд Коп” воопшто конкурирала на оглас за јавна набавка за ископ во РЕК Битола, кога против истата во тек е истрага за милионски криминал поврзан токму за ископ во РЕК Битола? Зошто оваа битолска компанија нема негативна референца од Бирото за јавни набавки, кога битолскиот суд замрзна и дел од имотот на Руд Коп”? Дали и директорот Узунчев е дел од шемата со провизии со фирми кои се товарат за сериозен криминал, додека во јавност го обвинува претходното раководство за катастрофалната состојба во која бил оставен АД ЕСМ?! Својата неспособност Узунчев не може повеќе да ја крие позади претходните раководства, додека тој продолжува да дели милионски тендери на фирми за кои ДПМНЕ тврдеше дека се блиски на СДС и за кои се води истрага за милионски криминал“ стои во партиското соопштение.

Левица ги повикува надлежните институции, вклучително ОЈО и финансиската полиција, да истражат како раководството на АД ЕСМ доделува тендери на фирми кои се сомничат за сериозен криминал и под замрзнат имот, додека ова претпријатие само во три месеци бележи загуба од катастрофални 45 милиони евра“.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира