Левица: Две години од Францускиот предлог – Остануваме единствени против бугаризацијата на Македонија

Од:

На 17 јули 2022 година, во вжештена атмосфера на народни протести, од страна на тогашната Влада предводена од пасокизираните квислинзи СДС и антимакедонските ДУИ, незаконски беше прифатен т.н. Француски предлог, со кој патот на Македонија кон Европската Унија беше официјално условен со бугаризација на македонската историја и држава. По Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор, со Францускиот предлог Македонија продолжи парче по парче да губи од својата самобитност, подредувајќи ги националните интереси на странски национал-шовинистички и великодржавни апетити, велат од Левица.

„​​​​Новата Влада предводена од ДПМНЕ, исто така, одбива да застане одлучно во одбрана на националните интереси и нема преземено ниту еден чекор за поништување на штетните последици од Францускиот предлог, кој предвидува историски РЕВИЗИОНИЗАМ, менувања на учебници, споделување на државна архива, отворање на фашистички клубови, за на крај, повторно од бугарското вето да зависи продолжувањето на европскиот пат, за кое Македонија се принудува на УСТАВНИ ИЗМЕНИ!

Со оглед на историјата на ДПМНЕ на учество во национални предавства и нивната директна улога во задушувањето на народниот револт и протест против Францускиот предлог, како и предизборното ветување на нивниот коалиционен партнер ЗНАМ на Максим Димитривски за внесување на Бугарите во Уставот во првите 200 дена од доаѓањето на власт, Левица останува будно да го следи секој чекор на новата Влада и жестоко ќе се спротистави на било какви обиди за нови национални предавства!

Како и претходно, и денес Левица повторно укажува дека уставните измени, апсолутно, не гарантираат продолжување на интеграцискиот пат во ЕУ за Македонија! Доколку се случат овие измени, повторно ќе се отвори патот за бројни бугарски барања (како што се отворија со Договорот за добрососедство) и Бугарија повторно ќе може да го користи правото на ВЕТО за секое наредно поглавје, а следејќи ја нивната политика повеќе од сигурно е дека во иднина ветото ќе продолжи да биде злоупотребувано.

Левица стои на ставот дека евро-интеграциските процеси треба да продолжат, исклучително, преку призмата на внатрешните реформи и Копенхашките критериуми, каде ќе бидеме третирани еднакво, како и останатите земји кои станале дел од европското семејство. ​​​​​ЕУ не смее да дозволи Бугарија да ги злоупотребува интеграциските процеси за реализација на своите империјалистички и шовинистички политики! Како глас на народот во Собранието продолжуваме да ја застапуваме волјата на 80% од Македонците кои се против Францускиот предлог, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Учениците со попреченост без асистенти на почетокот на учебната година

Горан Наумовски

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Училишните клупи празни, наставничките канцеларии преполни, велат од Левица

Горан Наумовски

Левица: Заробен систем – Гаши над Уставот благодарение на ДПМНЕ и ЗНАМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Одбраната на Гаши е еклатантен пример за снобизам и отуѓена елита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Апасиев: Ако Џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали