Левица: Државата нема средства за младите што ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади

Од:

Години наназад, вклучително и оваа, средношколците кои се дел од тимовите што ја претставуваат Македонија на научни олимпијади ширум светот каде што го веат македонското знаме и од каде што донесуваат бројни признанија и медали, мака мачат да најдат средства за воопшто да стигнат на тие натпревари. Наместо последните седмици пред натпреварувањата да ги вложат за што подобро да се подготват, тие се принудени да одат од една до друга врата, барајќи некој да им излезе во пресрет за да можат да ја претстават Македонија, велат од Левица.

Новата министерка за образование, Весна Јаневска, смета дека има недостаток во Законот за средно образование во смисла што во него не е предвидено доделување на финансиска поддршка од страна на МОН за ученици и нивни ментори за учество на меѓународни научни олимпијади, туку само доделување на стипендии доколку е освоено едно од првите три места, па најавува решението за овој проблем да се бара во корекции на Законот за средно образование во таа насока.

Во меѓувреме, државата годишно ја напуштаат по 2500 високообразувани млади луѓе откако успеале да поминат низ образовниот систем во државата како по минско поле! Деценски проблем е што државата нема никаква стратегија за континуирана поддршка на талентираните ученици, уште помалку да го усмери нивниот професионален развој и да ги задржи како кадри!

Проблемот е системски, длабок и од суштинско значење за иднината на државата и луѓето што живеат овде. Ако состојбите денес се лоши, тогаш кој ќе ги промени на подобро утре? Нашата иднина си заминува преку границите со застрашувачка брзина, а државата ниту понуди, ниту, пак, сега нуди план за надминување на таквата алармантна состојба. Проблемот бара длабоки решенија, а не површни шминкања на одделни закони! Левица ја повикува новатата министерка Јаневска да собере сила и храброст за да почне работите да ги решава од корен и систематски! Во овој момент не е потребно козметички да се надополнуваат празнините што го проголтуваат еден од најважните сектори во државата, туку напротив, потребни се итни и радикални промени во образованието, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски